Добродојдовте
Менса Македонија е дел од Mensa International , меѓународното здружение на луѓе со висок коефициент на интелигенција. Тоа, пред се, е друштво на пријатели, а не претерано сериозни интелектуалци - збир на луѓе од различно потекло, карактер, старост, со различни професии и полиња на интерес.
| Активности во Менса Македонија |
|
Како се одвиваат активностите во Менса Македонија?
Работата на членовите на Менса Македонија се одвива преку групи со посебни интереси, или како ние ги нарекуваме СИГ-ови (кратенка од Special Interest Group). Членовите на Менса Македонија досега покажаа интерес за формирање на 23 СИГ-ови, од кои активно работат неколку, а неколку се во фаза на оформување. Интересите на нашите членови се најразлични, за што зборува и разновидноста на СИГ-овите, од оние кои се посериозни, како СИГ Математика и Логика, Физика, Психологија, Астрономија; па до оние помалку сериозни и забавни како СИГ Музика, Хумор, Спорт.
За еден од овие СИГ-ови, во Менса Македонија сметаме дека е од посебна важност, а тоа е Образование на натпросечно интелигентни деца. Во врска со ова, е и нашата определба за откривање, создавање предуслови и ангажирање околу образованието на надарените и натпросечно интелигентни деца и младинци. Идните планови се формирање на посебен инвестиционен фонд за обезбедување на стипендии за натпросечно интелигентните деца и младинци.
Официјалната Веб адреса на Менса Македонија е http://www.mensa.org.mk/ Официјалната e-mail адреса на претседателот на Менса Македонија е Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Сите наши добростоечки (полноправни) членови кои имаат e-mail адреса можат да се приклучат на нашата официјална меилинг листа. Секоја порака испратена на адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ќе биде дистрибуирана до сите на листата. Доколку сакате да се приклучите, испратете празна порака на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите И обратно: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите List owner: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Прочитајте го Статутот на Менса Македонија.
Зачленување во Менса Македонија
Членарината за една година изнесува 500 денари. Во таа цена е вклучена членската картичка и едногодишна претплата на нашиот билтен МЕНСАДОНИЈА.
За да станете член на Менса Македонија потребно е:
Со општа уплатница да го уплатите износот од 500 денари на име: -членарина за една година -примач: Менса Македонија -жиро сметка: 300-0000002113-02 -Банка депонент: Комерцијална банка А.Д. Скопје -единствен даночен број: 4030000383962
Освен уплатата на членарината , потребно е да потпишете и Пристапница за членство ( DOC :: PDF ) во Менса Македонија.
Пристапницата за членство можете да ја симнете од Веб на веќе дадената адреса или ќе ја добиете од некој од нашите членови, а потоа пополнета и потпишана, заедно со оригиналната уплатница испратете ја на нашата адреса:
Менса Македонија П.Ф. 747 1000 Скопје
Во најкус рок по доставувањето на документите ќе добиете членска карта, со која ги стекнувате сите привилегии, права и должности кои произлегуваат од зачленувањето во Менса Македонија (види Статут ).
Со станувањето член на нашата организација, автоматски сте претплатени на нашиот билтен МЕНСАДОНИЈА и стекнувате право Вашите написи да бидат објавени и да ги читаат останатите наши членови.
Членовите на Менса и Менса Македонија се организирани во т.н. "групи со специјален интерес" или "special interest groups" (т.е. СИГ -ови).
|
